Најголемата атракција во Франкфурт: Кобилата Џени секое утро оди на прошетка, а со себе носи една ВАЖНА ПОРАКА (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Жителите на Франкфурт веќе се навикнале на еден свој специјален жител – белата кобила Џени.

Тие многу добро знаат дека не побегнала, туку како и нив, таа само сака да ги протегне нозете, па затоа никој не ја задева.

За поединците да не се уплашат од Џени, на неа има залепена картичка на која пишува: „Се викам Џени, не побегнав, само сум на прошетка. Фала.“

Фото: Принтскрин

Сопственикот Вернер Вишедел (79) веќе не може да ја јава, па секое утро ја отвора капијата за неговата кобила да може да се прошета.

Џени секој ден прави осум кругови и се враќа во куќата за ручек.

„Полицијата знае дека Џени се шета и не претставува закана. Понекогаш од полиција ми се јавуваат само да проверат дали се е во ред“, рекол Вернер.

Еден татко кој секојдневно ја води својата ќерка во прошетка со кучињата рекол за медиумите дека првиот пат бил изненаден кога ја видел Џени како мирно шета покрај нив и дека дури и малку се уплашил, но кога дознал дека таа е само во прошетка, како и нив, од тогаш ужива во долги прошетки со своите љубимци, ќерката и кобилата.

„Го замолив пријателот да не фотографира за да им покажам на луѓето како изгледа нашиот ден“, рекол тој.

Фото: Принтскрин

Џени во тишина следи многу жители на Франкфурт со кои сака да се шета. Ја сакаат децата, кучињата и мачките, ја сакаат сите.

Покрај тоа, локалниот ветеринар редовно доаѓа да ја прегледа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот