Најголем скандал на Академијата од 1976 година: Курсисти на „Вест Поинт” препишувале на испит

Фото: EPA-EFE/JOHN MINCHILLO / POOL POOL

Седумдесет и три курсисти на воената академија „Вест Поинт” се обвинети за препишување на испитот по математика, кој се полагаше онлајн со оглед на далечинската настава поради пандемијата на коронавирусот во САД, јавија денеска некои американски медиуми

Претставник на академијата во сојузната држава Њујорк соопшти дека 55 курсисти признале дека ги нарушиле правилата на испитиот што се полагаше во мај оваа година

– Програмата за кодот на честа и развој на карактерот во „Вест Поинт“ останува силна, и покрај далечинската настава и предизвиците од пандемијата, изјави заменикот поручник Кристофер Офард, портпарол на академијата.  

Најголем дел од нив мораат да минат низ шестмесечна програма за рехабилитација со фокус на етика. А до крајот на обуката во „Вест Поинт” ќе бидат на пробна настава

Измамата на испитот се открила кога наставниците ги оценувале добиените задачи и забележале чудни совпаѓање. Се соопштува дека еден од академците бил втора година, додека сите останати се запишани во прва

„Вест Поинт“ е една од најпознатите воени акадмии во САД на која дипломирале личности како поранешните претседатели Улис Грант и Двајт Ајзенхауер, а дипломци на оваа академија се и државниот секретар Мајк Помпео и екс-министерсот за одбрана, Марк Еспер

Ова е најголемиот скандал со измами за време на испит во оваа академија од 1976 година, кога 143 кадети си дадоа оставка или беа исклучани бидејќи препишувале на испит по електротехника.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот