Најбараниот фустан за лето 2020: Удобно и елегантно! (ФОТО)

инстаграм

Белите ленени фустани се моден класик кој никогаш нема да излезе од мода, а после едно појавување на Меган Маркл во оваа комбинација, според податоците од модната платформа Lyst, барањата за овој модел пораснале дури за 233%!

profimedia

Покрај миди ленениот фустан таа носела и балетанки од американскиот бренд Sam Edelman кои се исто така високо на листата за најбарани модни парчиња, како и сламениот шешир од Џенис Леоне кој го носела во истата прилика.

инстаграм

Ленот е идеален материјал за лето, пријатен и лесен. Во облека од лен кожата дише бидејќи тоа е природен материјал што значи дека во него помалку се потиме. Фустаните од лен, особено во белата боја која помалку привлекува сонце, преку лето се совршен избор.

Единствена маана на овој материјал е тоа што лесно се гужва, но на тоа ќе гледаме како дел од неговиот шарм. Ленот и не треба да е совршено испеглан, а кога е малку згужван е помек, нежен на кожата и пријатен за носење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот