Најава од Белгија: Аеродромот во Брисел се подготвува за транспорт на вакцини против ковид-19

Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Аеродромот во Брисел најави дека ги подготвува и прилагодува работните услови за увоз и извоз на вакцини против ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.

„Брукарго“, карго сектор на аеродромот, соопшти дека е воспоставена работна група „Брукјур” која ќе соработува со произведувачите на вакцини за да се обезбеди брз, ефикасен и сигурен транспорт на вакцини против коронавирусот.

Конкретно, аеродромот сака да обезбеди алатки со кои ќе се следи температурата во реално време во секој момент од транспортот, бидејќи одржувањето на температурата е од критично значење за секоја вакцина, за да не се оштетат активните супстанци што ги содржи.

Превозот на вакцини, објаснуваат од аеродромот во Брисел, е многу специфичен, некои вакцини треба да бидат транспортирани во „сув мраз”, додека други бараат конзервација на температура помеѓу два и осум целзиусови степени.

Според управата на аеродромот, бриселскиот располага со 30 илјади квадратни метри простор со контролирана температура, како и најголема површина за пристап до писта во Европа за сочувување на фармацевтски прозиводи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот