Наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2023 година се доделува на истражувачки проект на Нада Пешева

Нада Пешева

Здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“ ја додели наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2023 година од областа на ликовната критика. Комисијата во состав Елена Вељановска, Владимир Јанчевски и Тихомир Топузовски одлучи наградата „Ладислав Баришиќ“ да се додели на проектот „Женското учество во современата македонска ликовна/визуелна уметничка сцена по 1991 година“ на Нада Пешева, заради важноста, актуелноста и акутноста на истражувачката проблематика.

Прашањето за видливоста на жените авторки и реиспитување на позицијата на жената во светската уметничка сцена е дел од новите политики и тенденции во современата светска ликовна критика и теорија, а прашањето за учеството на жената како авторка во современата ликовна сцена е предмет на интерес и кај нас, особено во периодот по 90тите години од минатиот век.

Оттука, истражувањето се фокусира на женското учество во современата уметничка сцена, со посебен осврт на квалитетот и квантитетот на културните политки во стимулирање на учеството на жените во современата ликовната/визуелната уметност во Македонија во периодот на 1990-тите години, но и степенот на инклузивност на родови теми во рецентната уметничката продукција.

Истражувањето ќе се осврне на референтни изложби и кураторски проекти кои застапуваат, поттикнуваат и промовираат еднаква презентација на жени авторки реализирани преку програмските активности на националните установи и независната културна сцена, но и вклучување на дела од женски авторки во колекциите на установите, во објавените публикации и слично.

Нада Пешева (1976, Скопје) дипломирала на катедрата на Историја на уметноста со археологија на Филозофскиот факултет во Скопје (2000). Магистрирала на тема „Културна политика и менаџмент“ на Универзитетот на уметности во Белград, Србија (2013). Во моментот е докторант на катедрата за Културолошки студии на Институтот за македонска литература при УКИМ.

Во потесен интерес на нејзината работа влегуваат ликовната теорија и критика, културниот менаџмент и политика, културниот туризам, културните индустрии и родовите прашања во културата. Учествувала на повеќе локални и меѓународни конференции, дебати и симпозиуми во земјата и во странство и објавувала трудови во повеќе научни списанија и публикации.

Во моментов е вработена во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Член е на Здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“, а била и член на Управниот одбор на здружението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот