Нагелсман е казнет со 50.000 евра поради критикување на судиите на мечот со Менхенгладбах

фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман е казнет со 50.000 евра поради остри критики кон судиите по поразот на неговиот тим од Борусија Менхенгладбах во Бундес лигата, соопшти денеска Германската фудбалска асоцијација.

Нагелсман избегна суспензија и ќе го води Баерн Минхен во дербито од следната рунда против Унион Берлин.

По поразот од Менхенгладбах, Негелсман остро го критикуваше судијата Тобијас Велц, поради црвениот картон што му го покажа на дефанзивецот на баварскиот гигант, Упамекано во деветтата минута од натпреварот.

Нагелсман се извини, признавајќи дека отишол предалеку во критиките:

– Емоциите припаѓаат на спортот. Но, морам да се извинам за мојот избор на зборови против судиите – објави Нагелсман на Твитер.

Дисциплинската комисија на Германската фудбалска асоцијација заклучи дека високата парична казна е доволна, и дека нема потреба да се изрече суспензија за Нагелсман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот