Тренерот на Баерн Минхен беснеел на судиите по поразот од Борусија

Фото: EPA-EFE/ULRICH HUFNAGEL

Баерн Минхен вчера беше поразен од Борусија Менхегладбах со 2:3, а клучен момент во натпреварот веројатно беше црвениот картон на Дајот Упамекано по само осум минути игра. Во центарот на вниманието на германските медиуми по натпреварот е тренерот на баварците, Јулијан Нагелсман.

Наводно, Нагелсман беснеел по последниот судиски свиреж, а прво им се нафрлил на судиите на кои им се развикал пред новинарите во микс-зоната. Откако арбитрите ги игнорирале неговите зборови, Нагелсман со тупаница удрил во вратата од соблекувалната на делителите на правдата и се обидел да влезе.

Сепак, откако бил спречен од присутните ги нарекол „безрбетници“ и си заминал. Набрзо, на прес-конференцијата Нагелсман сфатил што направил и дека неговото однесување не било во ред, па се извинуваше.

„Ова е фудбал, а емоциите се дел од спортот. Сакам да се извинам на судијата Тибијас Велш и неговите помошници. За жал претерав“, изјави Нагелсман.

Поразнот на Баерн е прилика за Унион Берлин кој ако денес слави против Шалке на домашен терен ќе го преземе лидерското место на табелата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот