Наезда на змии и смокови во каменичкиот регион

Вториот „ѕвер”, како што дојавија жители на село Луковица, е фатен во текот на денешниот ден.

– Зголемен број на влекачи во каменичкиот регион. Влекачите биле забележани во атарот на селата Саса и Луковица, од кои, како што информираат жители на селата, најголем дел биле смокови долги близу два метра.

-Неканет гостин долг 1,87 метри ни правеше проблем цел месец. Најчесто бараше храна која не бираше место од каде да ја земе, поради што од него беше растревожено целото соседство. Сепак, на крај моравме да интервенираме и да ставиме крај на ваквата појава, со тоа што смокот го фативме, вели жител на село Саса.
Вториот „ѕвер”, како што дојавија жители на село Луковица, е фатен во текот на денешниот ден.
-Смокот го забележавме во близина на кошници за пчели над браната Калиманци во село Луковица. Истиот беше со жолта боја и доста долг и навистина претставуваше опасност за дечињата кои си играа во близина. Оваа година во повеќе наврати имаме забележани змии и смокови, но ова е првпат да се искачат толку високо над езерото, истакнаа жители на Луковица.
Жителите додаваат дека во период кога времето е топло и спарно, овие животни се почесто ги има во природа. Тие препорачуваат при прошетка во природа мештаните да носат со себе стапови, но притоа да не ги напаѓаат намерно, туку да ги употребат доколку влекачите нападнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот