Надал поразен од Ван де Зандшулп во својот последен меч во кариерата
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал беше поразен од Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп по два сета 4:6, 4:6, во првиот меч од четвртфиналниот дуел од Дејвис купот во Малага, во неговиот последен меч во кариерата.
Препорачано
Надал по еден час и 51 минута беше совладан од 80-от играч на светот. Холанѓанецот три пати го одзема сервисот на Надал, дозволувајќи еден брејк на другата страна.
По поразот, Надал им се обрати на навивачите, велејќи дека му е мило што ова му е последен меч.
– На некој начин, можеби е добро што ова е мојот последен меч. Го загубив првиот меч на Дејвис купот, а сега можеби и последниот – изјави Надал.
Оваа победа донесе водство за Холандија од 1:0 против Шпанија, а иако Карлос Алкараз донесе поен за израмнување на 1:1, холандската тениска репрезентација ја запре Шпанија во решавачкиот меч за следното место, откако во двојки Ботик Ван де Зандшулп и Весли Колоф ги совладаа Карлос Алкараз и Марсел Гранолерс со 7:6 (7:4), 7:6 (7:3).
Надал пред 20 години дебитираше во Дејвис купот, кој го освои четири пати, во 2004, 2009, 2011 и 2019 година, а во кариерата освои 22 грен слем титули.


