Надал извиси, Зверев оди во полуфинале

twitter/ATP Tour

Рафаел Надал не успеа се пласира во полуфиналето на завршниот Мастерс во Лондон, неговото место го зазеде Александер Зверев. Победата во меѓусебниот дуел во првото коло и вечерашниот триумф од 2:0 во сетови (6:4,7:6) над Данил Медведев беа доволни за Зверев од групата Андре Агаси да обезбеди пласман во полуфиналето.

Таму утре го очекува пресметка со Доминик Тим, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Стефанос Циципас и Роже Федерер.

Во првиот сет, Зверев уште во првиот гем направи брејк и предноста ја сочува до крајот на сетот кој го доби со 6:4. Во вториот сет, Медведев заигра далеку подобро, му дозволи само една брејк топка на Германецот во деветтиот гем, но успешно се одбрани и успеа сетот да го однесе во тајбрејкот. Во одлучувачкиот гем, подобро се снајде Зверев, направи два мини брејка, наспроти едниот на Медведев и на крајот дојде до победа која го однесе во полуфиналето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот