Надал испадна од мастерсот во Торино, Алкараз најмлад број еден на крајот од годината

Карлос Алкараз, следната голема ѕвезда во тенискиот свет/фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Каспер Руд со победата над Тејлор Фриц 6:3, 4:6, 7:6 (6) го обезбеди своето место во полуфиналето на завршниот Мастерс турнир во Торино, Италија, како првопласиран од „Зелената“ група.

Во четврток Фриц и Феликс Оже-Алијасим ќе се борат за второто место во меѓусебен дуел.

Кога Руд го освои првиот сет, стана јасно дека Рафаел Надал повеќе не може да стигне до полуфиналето, а 19-годишниот Карлос Алкараз ќе ја заврши 2022 година како најдобар играч во светот и ќе стане најмладиот број 1 на крајот од сезона во историјата на тенисот.

Во првите два настапи во Торино, Шпанецот Надал загуби во два сета од Фриц и Оже-Алијасим.

АТП финалето и понатаму ќе остане еден од ретките турнири кои на рекордерот од 22 Грен слем титули му недостигаат во неговата импресивна тениска биографија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот