Над еден тон кокаин плуташе во каналот Ламанш, полицијата го заплени

Фото: Твитер

Британската гранична полиција заплени повеќе од еден тон кокаин во водите на Ламанш, соопшти денеска британското Министерство за внатрешни работи.

Британската полиција откри голем број предмети кои плутаат на површината на водата, по што биле однесени во пристаништето Довер, каде тестовите потврдиле дека се работи за повеќе од еден тон кокаин.

Случајот доаѓа околу месец и половина откако два тона кокаин, спакувани во херметички затворени пакувања, од кои некои беа прикачени на елеци за спасување, беа исфрлени на брегот на француските плажи во Нормандија.

Министерството наведува дека минатата година во Англија и Велс биле запленети 18,8 тони дрога, што е зголемување за 68 отсто во однос на периодот 2020-2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот