Над четвртина од вработените во МВР се жени

Половата структура на Министерството за внатрешни работи покажува дека над четвртина од вработените во оваа институција се жени, меѓутоа по однос на систематизациската застапеност уште постојат извесни разлики, независно што жените заземаат некои од клучните позиции во управувањето со организационата структура во Министерството, истакна денеска вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски на форумот „Родовата перспектива и улогата на жената во реформите на безбедносниот систем”.

Тој истакна дека едно од клучните прашања во развојот на современети европски демократски трендови, меѓу другото е и прашањето околу родовата рамноправност и адеквтаната застапеност на женската популација првенствено како суштински и активен чинител во севкупниот опшетствен развој, вклучително и во сферата на безбедноста.

– Во годините зад нас беа направени низа, пред се нормативни измени и решенија со кои се создадоа фундаменти за решителен и значаен исчекор во оваа област. Со тоа се отвори простор за посилно вклучување на жената во сите институциолнални и други структури, во процесите на креирање политики, на носење на одлуки, во процесите на проценување решавање, така што и статистички меѓутоа и суштински драматично се измени состојбата во полза на вклучувањето на жените како рамноправен актер во сите општествени текови, нагласи Спасовски.

Проректорот на Универзитетот Св.Климент Охридски, проф.д-р Марјан Ѓуровски истакна дека целта на денешниот форум е да подигне свеста за состојбата на жената во безбедноста и одбраната, со акцент на идните конкретни чекори и политики кои ќе се преземат во однос на предизвиците на жените професионалци во безбедносниот систем.

– Треба уште повеќе да се работи на поголема застапеноста на родовите перспективи во јавните политики, вклучително во политиките за национална безбедност и подобрување и унапредување на законската регулатива во насока на надминување на проблемите со кои се соочуваат жените, но и мажите во Република Северна Македонија, не само на своите работни места туку и во секоја сфера каде се забележани појави на дискриминација, потенцираше Ѓуровски.

Тој нагласи дека мора да имаме нулта толеранција за појавите на која било форма на сексизам под чие влијание се губат најквалитетните кадри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот