Над 60 земји со официјално писмо до СТО за откажување од патентите за вакцини

Повеќе од 60 земји во посебен документ испратен до Светската трговска организација (СТО) побараа откажување од заштита на интелектуалната сопственост за вакцините против Ковид-19 и други медицински инструменти, додека беснее пандемијата, пренесе Бгнес.

Податоците за документот ги презентирала добротворната организација Доктори без граници и невладината организација Knowledge Ecology International (KEI).

КЕИ објави преработен текст со кој се повикува откажувањето да биде долготрајно.

СТО не ја потврди веднаш автентичноста на документот, но дипломат близок до дискусиите потврди дека тој е оригинален и бил дистрибуиран до сите членки на СТО.

Во текстот се наведува дека откажувањето мора да ги опфати сите медицински алатки за „превенција, третман и содржина” потребни за борба против Ковид-19. Покрај вакцините, тоа мора да вклучува лекување, дијагностицирање, вакцинација, медицински помагала и заштитна опрема, заедно со материјалите и компонентите потребни за нивно производство.

Во документот се вели и дека откажувањето мора да продолжи „најмалку три години” од датумот на влегување во сила, по што Генералниот совет на СТО ќе треба да утврди дали може да се укине или продолжи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот