„Сајбертрак“, Тесла / Фото: EPA/ANATOLY MALTSEV

Над 60 илјади „Сајбертрак“ возила на Тесла повлечени поради софтверска грешка

Тесла повлече 63.619 возила „Сајбертрак“ поради проблем со софтверот што влијае на предните паркинг светла.

Според извештаите, фаровите се премногу светли поради гореспоменатиот недостаток и можат да ги вознемират возачите што доаѓаат од спротивната насока, пренесува Ројтерс.

Софтверското решение е веќе достапно преку OTA (over-the-air) надградба која е бесплатна за возила произведени помеѓу 13 ноември 2023 и 11 октомври 2025 година.

Компанијата го открила проблемот за време на внатрешна ревизија и не добила извештаи за несреќи, повреди или смртни случаи поврзани со споменатиот дефект.

Тесла пред една недела повлече 12.963 возила од моделите „Модел 3“ и „Модел Y“ поради дефект на батеријата што може да предизвика губење на погонот.

Американскиот регулатор NHTSA претходно отвори истрага за 2,88 милиони возила на Тесла опремени со целосно самоуправувачки систем, по повеќе од 50 пријави за безбедносни инциденти.

И покрај овие предизвици, Тесла објави рекордна продажба во третиот квартал од 2025 година, но профитот не ги исполни очекувањата на аналитичарите поради царините, трошоците за истражување и падот на приходите од регулаторните кредити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот