Националниот џез-оркестар ќе го изведе концертот „Македонски сновиденија“ во Брисел
Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“, која се одржува во Белгија, Националниот џез-оркестар на 5 мај ќе настапи во престижниот културен центар „Bozar“ во Брисел, со својата програма „Македонски сновиденија“.
Препорачано
„Macedonian Dreams“ („Македонски сновиденија“) е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез-оркестар со гордост ја носи на сцената на културниот центар „Bozar“ претставувајќи ја македонската културна и музичка традиција во современ контекст. Диригент на концертот е маестро Владимир Николов.
Концертот во „Bozar“ е дел од пошироката програма на „Денови на македонската култура“, која има за цел да ја афирмира македонската уметност и култура пред европската публика.
Манифестацијата е организирана и поддржана од страна на Министерството за култура и туризам.


