На жена морале да ѝ ја ампутираат ногата откако се заглавила на есклатор на аеродром во Тајланд

Несреќа на аеродромот во Тајланд / Фото Don Mueang airport Фејсбук

57-годишната патничка од Тајланд требала да се качи на летот од аеродромот Дон Муанг во Бангкок до провинцијата Након Си Тамарат откако се заглавила на ескалаторот на вториот Терминал. Медицинскиот тим на крајот морал да ѝ ја отстрани левата нога од над коленото, објавија властите на аеродромот, пренесува „Гардијан“.

„Во име на меѓународниот аеродром Дон Муанг, би сакал да изразам најдлабоко сочувство во врска со несреќата“, рече директорот на аеродромот Карун Танакулјеерапат на прес-конференција. „Би сакал да инсистирам дека ќе се погрижиме да не се повтори таква несреќа“.

Тој рече дека аеродромот ќе биде целосно одговорен за медицинските трошоци на жената и ќе биде отворен за преговори во врска со други компензации.

Медицинскиот тим во болницата ја известил Карун дека не можат повторно да и ја закачат ногата, но жената побарала да биде префрлена во друга болница за да ја процени можноста, рече тој.

Сликите споделени на интернет го покажаа долниот дел од ногата на жената заробена на крајот од ескалаторот додека ѝ помагал персоналот на аеродромот.

Од аеродромот велат дека ескалаторите на аеродромот се проверуваат секојдневно, со дополнителна месечна инспекција. Тие велат дека ескалаторот бил затворен и тим од инженери врши увид за да се утврдат причините за инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот