На социјалните мрежи се шират лажни фотографии од Трамп во затворска облека

Фото Колаж Твитер

Денеска на социјалните мрежи се појавија неколку лажни фотографии од поранешниот американски претседател Доналд Трамп во затворски костум по вчерашното апсење.

Неколку наводни полициски фотографии од Трамп, направени по неговото апсење во Њујорк, станаа вирални и покрај тоа што беше објавено дека Трамп нема да се фотографира пред судот.

Откако пристигнал на суд, на Трамп му бил земен отпечаток од прст, но не бил фотографиран, изјавила полицијата за „АП“.

Лажните фотографии, од кои некои биле направени со помош на вештачка интелигенција, измамиле многу корисници на социјалните мрежи.

Во ширењето на лажни фотографии учествувал и самиот Трамп, кој се изјаснил за невин по 34 точки од обвинението. Поранешниот американски претседател реши да заработи од сопствените лажни фотографии, па на неговата официјална веб-страница можете да купите маица со „затворската фотографија“ на Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот