На сајтот имиња на 14, Владата вели има 15 национални и заменици координатори, платата никој не ја кажува

Фото: Пекселс/ cottonbro-studio

„Слободен печат“ ја праша Владата за висината на платата која ја добиваат и по кој коефициент се пресметува, но конкретен одговор не добивме,

Владата на Република Северна Македонија има назначено 15 Национални координатори и нивни заменици. Од Владата велат дека назначувањето на Национални координатори не е нова функција, ја има во секоја влада, а нивното назначување е со цел да го подигнат нивото на координација во областа на повисоко ниво. Практично координатор во одредени области. „Слободен печат“ ја праша Владата за висината на платата која ја добиваат и по кој коефициент се пресметува, но конкретен одговор не добивме.

-Надлежностите на националните координатори произлегуваат од материјалните закони и политиките на Владата, висината на платата која ја добиваат е согласно Одлука за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата- велат од таму.

На веб- страната на Влада може да се видат имињата на 11 Национални координатори и тројца заменици. Владата вели дека има 15.

Според Влада, координаторите и нивните заменици се назначени во различни област, а биографиите можат да се најдат на веб-страницата на Владата.

-Владата може неограничено да назначува национални координатори во областите во кои работи и оваа функција постои и не е нова. Во овој момент Владата на Република Северна Македонија има назначено 15 национални и заменик-национални координатори- објаснуваат од Владата.

Така, во државава има Национален координатор за гранично управување, но има и в.д. Заменик национален координатор за гранично управување. Потоа има Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам. Овде има дури двајца заменици. Во одделот здравство има двајца, едниот е Национален координатор за трансплантација, а другиот Национанален координатор за имунизација. Потоа има Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Национален координатор за имплементација на националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија, но и Национален координатор за одговорно владеење и транспарентност.
Потоа има Национален координатор за регионална соработка и европски интеграции, за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Национален координатор за медијација, како и Национален Координатор за информатика и енергетика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот