На ривалите им е мака од Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ сигурно чекори кон одбрана на титулата во Вимблдон, откако во осминафиналето го победи Уго Умбер. Првиот светски рекет славеше со 6:3,6:2,6:3 за еден час и 45 минути игра.

Нареден ривал на бранителот на трофејот, во четвртфиналето ќе биде Давид Гофан кој во четири сета го елиминира Фернандо Вердаско.

Одличните игри на Ѓоковиќ на Вимблдон го оставија без зборови и легендарниот тенисер, Џон Мекинро.

– Знаете, за сите ривали важи едно правило, мака им е од Ѓоковиќ. Толку високо ја крена летвичката, што малкумина можат да му парираат. Неговата способност да го удира топчето како сака е неверојатна. Мора да играте натпревар на животот за да имате шанси против него – е воодушевен Мекинро од игрите на Новак Ѓоковиќ на Вимблдон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот