Броила за струја / фото: МИА

На повеќе места во Скопје во вторник ќе нема струја, прекините ќе траат и до седум часа

Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 21 април, без струја ќе останат неколку локации во Скопје и околината.

Повеќечасовните прекини се најавени во селото Морани и викенд-населбата Морани, во делови од Момин Поток, како и на дел од улицата „Иван Аговски“ во Општина Карпош.

Во Морани и викенд-населбата Морани прекинот е планиран од 08:00 до 15:30 часот. Во Момин Поток, на улиците „1506“ и „1550“, како и кај фирмите „Електроводомонт“, „Стил Железо“ и „Европа 92“, струја нема да има од 08:30 до 15:00 часот.

На дел од улицата „Иван Аговски“ во Карпош прекинот е најавен од 09:00 до 13:00 часот.

Од Електродистрибуција наведуваат дека станува збор за планирани прекини поврзани со реконструкција и модернизирање на дистрибутивната мрежа.

Турска општина објави тендер за осветлување на Камениот мост во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот