На полицајците им се свртело во глава: Девојка од Србија возела со над 3 промили алкохол во крвта

Припадници на сообраќајната полиција на Министерството за внатрешни работи во Сурдулица, при сообраќајна контрола, запреле дваесет и четиригодишна девојка која управувала „фолксваген“ со 3,05 промили алкохол во крвта, објави Телеграф.рс.

Откако полицајците ја запреле младата жена и таа направила алкотест, од бројката ним им се свртело во глава.

Девојката е приведена и против неа е поднесена прекршочна пријава за насилно возење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот