На погребна церемонија за Сулејмани понудени 80 милиони долари за „главата Трамп“

Фото: МИА

Повикот бил пренесен во живо на иранскиот Канал еден.

Секој од 80 милиони Иранци да одвојат по еден долар, а парите да ги добие оној што ќе го убие американскиот претседател, порача неименуван говорник на церемонијата за оддавање почест на командантот на единицата Кудс на Иранската револуционерна гарда генералот Касем Сулејмани, а го пренесе државната телевизија Канал еден.

– Ние сме 80 милиони Иранци. Ако секој од нас одвои по еден американски долар, ќе имаме 80 милиони американски долари, и со таа сума ќе го наградиме оној што ќе ни ја донесе главата на Трамп – рекол неименуваниот говорник пред огромната толпа во градот Машхад. Повикот бил пренесен во живо на иранскиот Канал еден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот