На нив им е потребна љубовна врска: Хороскопски знаци кои не сакаат да бидат сами

За некои самотијата е најголем благослов, додека други ја сметаат за рецепт за несреќен живот. Овие три хороскопски знаци секогаш сакаат да бидат во љубовна врска.

Вага

Друштвените Ваги секогаш сакаат да бидат опкружени со луѓе. Кога се во врска, сакаат се да завршат побрзо за повеќе време да поминат со партнерот, бидејќи самотијата не е за нив.

Близнаци

Близнаците најтешко поднесуваат прекинувања. Тие секогаш мора да имаат некој со кој ќе имаат романтичен однос, инаку стануваат многу нервозни и негативни. Кога предолг период ќе бидат сами, тоа почнува да им влијае на останатите аспекти во нивниот живот, како кариерата и здравјето.

Водолија

Луѓето родени во знакот на Водолија се вистински парадокс. Тешко се врзуваат за една личност, но кога тоа еднаш ќе се случи, тие почнуваат партнерот да го сметаат како дел од себе и прекинувањето го поистоветуваат со крај на светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот