На Народната библиотека во Белград осамнаа нацистички и расистички графити

На зградата на Народна библиотека на Србија, неодамна осамнаа графити со пцости, навреди, националистички и расистички пароли, но и кукасти крстови.

Како што од Народната библиотека истакнале за РТС, „графитите по се изгледа се испишани на почетокот на годината, кога во овој дел имало голем број на граѓани поради одржување на разни културно-туристички манифестации“.

Графитите и кукастите крстови осамнале на дел од објектот, но не и на главниот и на службениот влез.

Меѓутоа, тие се уште не се отстранети бидејќи објектот е под заштита на државата. Како што пишува „Блиц“, тие не можат едноставно само да се префарбаат, туку неопходно е пескарење, а за тоа пак потребен е тендер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот