На Курти му требаат два тима за дијалогот со Србија

Албин Курти, премиер на Косово

Во тимот на Курти ќе бидат и Хашим Тачи и Вјолса Османи, како и претставници од косовските политички партии.

Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти изјави дека, заедно со неговите советници, работи на изготвување план за дијалогот со Србија, за кој, како што вели, ќе му бидат потребни два тима.

За време на неговата посета денеска во Призрен изјави дека едниот тим, кој што ќе го предводи тој, ќе биде политички, додека другиот ќе го сочинуваат експерти од разни области.

Во тимот кој ќе го предводи, Курти планира да ги вклучи претседателот на државата Хашим Тачи и претседателката на Собранието Вјоса Османи, како и претставници на косовските политички партии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот