На која возраст се доживува најинтензивниот оргазам?

Повеќето луѓе мислат дека најдобрите сексуални искуства ќе ги доживеете додека сте млади, слободни и безгрижни во вашите 20-ти години. Меѓутоа, најновите истражувања докажуваат дека најубавите работи им се случуваат на оние кои чекаат.

Науката ни открива на која возраст ќе го доживеете најинтензивниот оргазам

Имено, резултатите од истражувањето покажале дека жените го доживуваат најинтензивниот оргазам на 36 години. 2.600 различни жени требале да пополнат прашалник поврзан со сексуалниот живот, оргазмите, дали се чувствуваат привлечни и колку уживаат во сексот. Групата била поделена на 3 подгрупи според возраста: 23 и помлади, од 23 до 35 и 36 и постари.

Постарите жени покажале најдобри резултати кога станува збор за доживувањето оргазам со тоа што 60% од жените изјавиле дека речиси секогаш го достигнуваат врвот за време на сексот. Дури 86% од жените од повозрасната група потврдиле дека имале одличен секс во текот на последните неколку недели, во споредба со 76% од жените од средната група и само 56% од жените од најмладата група.

Како што минуваат годините, така расте и самодовербата кај жените во овој случај, бидејќи највозрасната група жени изјавиле дека се чувствуваат привлечни и дека се задоволни од изгледот. 80% од највозрасните жени се сметале себеси за секси, но само 40% од жените од средната група биле исто толку самоуверени. 70% од жените помлади од 23 години го изјавиле истото.

И покрај овие разлики, постои едно нешто што е заедничко за сите жени кои учествувале во истражувањето: Подолг секс. 30% од жените од секоја група признале дека би сакале времето поминато во кревет да не биде толку кратко.

Заклучокот од сето ова е доколку се чувствувате самоуверени и сигурни во себе, тоа ќе ви ги зголеми шансите за доживување поинтензивен оргазам. Не мора да чекате да наполните 36 години за да уживате во сексот. Се што треба да направите е гласно да го побарате она што го сакате и да се чувствувате пријатно во сопствената кожа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот