Плакат за филмот „Орлите на Републиката“ во „Синеплекс“

На кино-репертоарот во „Синеплекс“ е филмот „Орлите на Републиката“ на режисерот Тарик Салех

Филмот „Орлите на Републиката“, што беше номиниран за највисоката филмска награда „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал, од 12 март е на редовниот кино-репертоар во „Синеплекс“.

Режисерот Тарик Салех и актерот Фарес Фарес повторно ги спојуваат своите вештини и создаваат приказна за современ Египет, справувајќи се со политиката, корупцијата и моќта во современ Египет.

Приказната го следи саканиот египетски актер, Џорџ Фахми, кој под голем притисок одлучува да ја прифати главната улога во филм нарачан од највисоките власти. Иако неволно се согласува, наскоро е вовлечен во внатрешниот круг на моќта. Како молец привлечен од пламен, Фахми започнува афера со мистериозната сопруга на генералот кој го надгледува снимањето на филмот.

По реализацијата на „Инцидентот кај Најл Хилтон“ и „Заговор во Каиро“ („Момче од рајот“), режисерот Салех ја завршува трилогијата со новиот филм „Орли на Републиката“, кој го става Каиро и неговото општество во центарот на настаните.

Режисерот Тарик Салех е еден од највлијателните европски уметници, а неговото драматично деби беше долгометражниот анимиран филм „Метропија“ од 2009 година, со Стелан и Александар Скарсгард и Удо Кир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот