На гласање ќе одиме со заштитни маски

Фото: Архива

Ќе се почитуваат сите протиколи за држење растојание и носење заштитна маска, а митинзи нема да има, изјави на денешната прес конференција генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски..

Сериозното,одговорно и навремено преземање на мерки и политики од страна на државата и почитување на мерките придонесува да се стави оваа криза под контрола. Се намалуваат бројот на новозаразени и се зголемува бројот на оздравени. Тоа го наметнува прашањето на враќање во нормала на секојдневниот живот. Одржување на растојание од два метри и користење на маски ќе останат секојдневие и понатаму. Тоа значи и во контекст на изборниот процес, дистанцата и заштитните маски ќе бидат дел и од изборите, вклучувајќи и други медицински протоколи. Ќе се избегнуваат сите јавни и масовни собири и ќе се користат дигиталните и електронските алатки во кампањата и комуникацијата со граѓаните, изјави на денешната прес конференција генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Тој објасни дека на гласањето, граѓаните ќе мора да носат заштитни маски и ракавици и кажа дека ќе се почитуваат сите протиколи за држење растојание и носење заштитна маска, а митинзи нема да има.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот