На „Деве Баир“ спречен обид за шверц на околу 71 килограм марихуана

Фото: Царниска управа

На граничниот премин „Деве Баир“, синоќа царниските службеници спречиле обид за шверц на околу 71 килограм марихуана.

На 18.06.2023 година на граничниот премин Деве Баир на излез од државата се пријавило патничко моторно возило со германски регистарски таблички, управувано од германски државјанин со кој патувало уште едно лице. При детална контрола на возилото извршена од страна на царинските службеници, во специјално направени бункери откриени се 67 пакети опојна дрога марихуана, со бруто тежина од 71 килограм – информираат од Царинската управа.

Фото: Царниска управа

Дрогата и возилото се привремено задржани, а од страна на Секторот за контрола и истраги од Царинската управа против лицата е поднесена кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот