На Детската клиника има по 150 прегледи дневно и наплив на деца со респираторни инфекции, вели директорката Цвејоска-Чолаковска

За време на празничните денови на Клиниката за детски болести во просек имало 150 прегледи дневно, вели за „Слободен печат“ директорката на Клиниката, доктор Валентина Цвејоска-Чолаковска. Во моментот хоспитализирани се околу 90 деца, но немаат сите акутна патологија, туку има и пациенти на хемато-онколошкото и на ендокринолошкото одделение. Сепак, како што потврдува директорката Цвејоска-Чолаковска, за време на викендот и овие денови, голем е напливот и на деца со акутни респираторни инфекции, односно со дијагнози на горнореспираторни инфекти, настинки, бронхитис, риносинузити и тонзилофарингити.

– Годината ја завршивме и новата ја започнавме со зголемен обем на работа. Празничниот викенд имаше деца доминантно со респираторни симптоми, кашлица и покачена температура. Се наоѓаме во сезона на грип па до некаде напливот на пациенти е очекуван. Негативно влијание секако има аерозагадувањето, чадот и маглата и препорака од нас лекарите е да не се групираат децата во затворени простории, да се обрне внимание на личната хигиена, на хигиената на рацете и на респираторните секрети, што повеќе да се конзумира здрава храна, овошје и зеленчук, да се престојува на планина околу местата на живеење за да се искористи чистиот воздух и сонцето, ни изјави директорката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот