На денешен ден – 13 август

на денешен ден
На денешен ден / Фото: Инстаграм

1899. Во Лентостаун, во близина на Лондон, е роден Алфред Џозеф Хичкок, британски филмски режисер. Светска слава доби со филмовите од криминалистичкиот жанр, страв и ужас. Најпознати филмови: „Триесет и девет скали“, „Тајниот агент“, „Човекот што многу знаеше“, „Ребека“, „Аферата Парадин“, „Птици“, „Психо“ и други. Во 1995 година, во анкетата на повеќе филмски критичари, Хичкок бил прогласен за најдобриот режисер на 20 век, а во 2005 година била прогласен за најдобар режисер на сите времиња. Наспроти тоа, тој никогаш не ја добил наградата „Оскар“, ниту за животно дело, а само пет негови филмови биле номинирани за оваа награда. Умрел во Лос Анџелес, на 29 април 1980 година.

1923. Мустафа Кемал Паша, наречен Ататурк (татко на Турција) станал прв претседател на Турската Република. Учествувал во движењето на младотурците. Во Битола завршил виша воена школа, а во Цариград Генералштабна академија и бил еден од активните борци против султанската автократија. Како претседател на Турската Република спровел прогресивни реформи. Роден бил во Солун, во 1881 година, а умрел во 1938 година.

2001. Во Скопје бил потпишан Охридскиот рамковен договор, политички документ за решавање на кризата во Република Македонија. Документот го потпишале претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски и четворицата партиски лидери – на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ДПА, Арбен Џафери, и на ПДП, Имер Имери. На потпишувањето на документот присуствувале и високи меѓународни претставници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот