На баби им сметала вревата, па излегле на детско игралиште и со пила УНИШТИЛЕ СЕ (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Две жени во рускиот регион Ленинград се снимени како со пили ги уништуваат клацкалките на детско игралиште, бидејќи им сметала вревата. Со пили во рацете, две жени излегле на игралиште и тоа што се наоѓало на него „го исекле на парчиња“.

Снимката од инцидентот ја објавиле руските медиуми, а се појавила и на платформата ВКонтакт. Од средата, кога снимката се појавила, споделена е над илјада пати и предизвика бес кај сите што ја погледнале.

https://www.facebook.com/watch/?v=2325517340879255

Според податоците на 78 њуз, двете жени излегле надвор заради нивната 100-годишна сосетка, на која многу и сметала вревата.

– Не можам веќе да поднесам – рекла една од жените.

– Што правиш пред децата? Имаш идеја или не? – се слуша како некој ја прашува.

На социјалните мрежи каде е објавена снимката, многу ја искритикувале постапката.

– Требало да донесат малку масло за да го запре чкрипењето на клацкалката. Но не, тие земале пили и сега се на сите вести како вандали – се наведува во коментарите.

Сепак, не ги критикувале сите. Има и такви кои го подржуваат ова однесување.

– Зошто сите ги напаѓаат бабите место да ги воспитаат децата кои викаат како луди по прозорот – се наведува во еден коментар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот