На аеродром во Атина уапсена Романка со 400 туѓи документи

Фото: Илустрација

Романска државјанка на 49-годишна возраст е уапсена денеска на атинскиот Меѓународен аеродром „Елефтерос Венизелос”, откако кај неа биле пронајдени стотици пасоши и лични карти на други лица.

Полицијата при претресот на нејзиниот багаж пронашла 401 пасош и документи за идентификација, издадени од различни земји.

Истрагата на полицијата за организиран криминал и трговија со луѓе покажала дека повеќето документи, кои се конфискувани, се пријавени како украдени или изгубени.

Жената е обвинета за илегално поседување туѓи патни документи и за криумчарење.

Полицијата ја продолжува истрагата со колегите од странство, со цел да го утврди обемот на нејзините активности и да ги лоцира евентуалните соучесници.

Романката треба да се појави пред јавен обвинител во Атина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот