МЗТ по вторпат го совлада Маџари и е на чекор од одбрана на титулата
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром сигурно чекорат на патот кон освојување на нова шампионска титула во првенството.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во вториот натпревар од финалната серија „сино-белите“ по вторпат славеа над екипата на Маџари со резултат 81:76 на својот терен во СЦ „Јане Сандански“.
После првото полувреме играчите предводени од тренерот Васко Атанасов имаа висока предност од 47:31.

Во вториот дел следуваше подобра игра на тимот на Маџари кој ја доби третата четвртина со 22:19.
А во последните 10 минути, двете екипи влегоа со резултат (66:53) во корист на фаворитот.
Гостите од Маџари продолжија со добрата игра и се доближија на негатива од само седум поени (69:76), потоа и уште пониски 74:79. И не застанаа тука, затоа што дојдоа и на само на „минус три“ (76:79) и напад за нерешено.
Но најискусниот во нивните редови, Димчевски, не погоди тројка, Дилемите, од линијата за слободни фрлања, ги тргна Петков за втора победа во финалето.
Смит МекСвејн за МЗТ запиша 19 поени, осум скокови и три асистенции), а 18 поени дојдоа од Војдан Стојановски.
За Маџари, која ќе биде домаќин на третиот натпревар од серијата (во недела навечер), Луис беше најефикасен со 25 поени (шест скокови и две асистенции), Армстронг имаше 17 поени (седум асистенции и шест скокови), Хот имаше 14 поени и седум скокови, а Савиќ додаде 11 поени и четири скокови.



