МЗ: Располагаме со доволно вакцини, граѓаните добиваат повици за имунизација

Пункт за вакцинација СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје

Министерството за здравство информира дека националниот систем „Мој термин” и во текот на денешниот ден испраќа известувања до граѓаните кои се пријавени за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk.

– Термини за вакцинирање се креираа синоќа до 22 часот. Како не би се вознемирувале граѓаните доцна во ноќта со испраќање пораки, тие се испраќаат и во текот на денот. Освен известување на мобилен телефон, граѓаните може известување да добијат и на нивната е-меил адреса, а може да проверат за термин и на vakcinacija.mk, се вели во соопштението.

Од ресорното Министерство посочуваат дека сите граѓани кои изразиле желба за вакцинација ќе се вакцинираат и додаваат дека процесот оди многу брзо и оти располагаат и со голем број вакцини.

Периодов ќе пристигнуваат дополнителнтелни пратки вакцини кои ги купивме во директни преговори со „Фајзер”, „Спутник В”, како и вакцини преку Ковакс механизмот, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот