МВР со соопштение за вчерашниот напад на Скендер бег

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во врска со вчерашниот протест на плоштадот Скендер бег во Скопје има пријавено само еден физички напад од НН лице врз И.Г., кому му била укажана помош во ГОБ Наум Охридски.

Други пријави за физички напад на вчерашниот протест до сега во МВР нема. Апелираме доколку има сторено било какво дело врз безбедноста и сигурноста на било кој граѓанин, тоа да го пријави во најблиската полициска станица, врз основа на што Министерството за внатрешни работи според професионалните стандарди ќе преземе соодветни мерки за расчистување на случајот, како и во било кој друг случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот