• надап

Кабул: 20 загинати и повеќе од 50 ранети по експлозија

Дваесет луѓе загинаа и над 50 се ранети во напад врз канцеларии на политичка партија на кандидатот за потпретседател на Авганистан, Амрула Салех. Нападот почна со експлозија синоќа по што три лица упаднаа во зградата. Силите за безбедност успеаја да го извадата оттаму Салех кој е ранет. Салех е поранешен шеф на разузнавањето на Авганистан.