Данела Арсовска - Градоначалник на Скопје - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Данела Арсовска - Градоначалник на Скопје - Фото Слободен печат - Методи Здравев

МВР привело погрешен човек за нападот на Данела Арсовска, па Обвинителството го ослободи

МВР привело грешен човек за нападот врз градоначалничката Данела Арсовска во Чаир, покрај лицето С.Љ. кое заработи обвинителен предлог од Обвинителството за грубо насилство врз неа. Второто лице е ослободено и мерките што му беа определени му се отстранети затоа што Арсовска не го препознала како некој што ја навредувал и кој ѝ се заканувал.

За истиот настан, за насилство со вербални закани кон градоначалничката беше пријавено уште едно лице, меѓутоа по прибирање на сите докази, вербалните искази на сведоците и оштетените, како и извршеното препознавање со соочување се утврди дека оштетените не го препознаваат пријавеното лице како сторител на заканувачки и насилнички дејствија кон нив. Бидејќи не постојат материјални и вербални докази од кои неспорно би се утврдила кривична одговорност на второпријавениот за конкретното кривично дело, јавниот обвинител донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против него и на судот му предложи да ги укине претходно определените мерки на претпазливост за тоа лице, соопштија од ОЈО Скопје.

Напаѓачот на Арсовска пак С.Љ. заработи обвинителен предлог од Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во соопштението се наведува дека тој ѝ нанел физичка повреда на градоначалничката и ја удрил во лицето и по раката.

На 11 јули, на улицата „Севастополска“ во Скопје, обвинетиот извршил грубо насилство врз градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, со кое предизвикал телесна повреда кај оштетената и чувство на несигурност, загрозување и страв во јавноста. Додека градоначалничката заедно со овластени службени лица, присуствувала на локација по претходна пријава на граѓани во врска со бесправно градење и неовластено приклучување на водоводна и електропреносна мрежа на објект, обвинетиот пристигнал со електричен тротинет и ѝ се приближил заканувачки. Потоа физички ја нападнал, удирајќи ја најпрво по лицето и раката, а потоа со нога во пределот на левата потколеница. Откако присутните униформирани полициски службеници реагирале да го спречат во намерата, продолжил и вербално да ја навредува и да и се заканува. Јавниот обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, за кој и натаму постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото, велат од обвинителството. 

Напаѓачот на Данела Арсовска заработи обвинение за грубото насилство и 30 дена продолжување на притворот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот