МВР после денешните случувања во Косово ја оценува безбедносната состојба во земјава како стабилна

Фото: pravdiko.mk

Безбедносната состојба во Република Северна Македонија е стабилна и институциите задолжени за безбедноста ја следат состојбата и граѓаните можат да бидат спокојни, велат од Министерството за внатрешни работи за Слободен печат како оценка за безбедносната состојба во земјава после денешните случувања во Косово. Еден косовски полицаец е убиен синоќа а друг е ранет во престрелка во селото Бањско, соопшти изутринава косовската оплиција. Тие потоа известија дека тројца од напаѓачите биле убиени во размена на оган што повремено продолжил во текот на денот.

Од утрово затворени се административните премини Јариње и Брњак во правец на Косово и Метохија. Косовскиот премиер Албин Курти на прес конференција изјави дека станува збор за униформирани напаѓачи со тешко оружје а од епархијата Рашко Призрен соопштија дека станува збор за униформирани и маскирани напаѓачи во дворот на манастирот Бањска.

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија извести дека седум македонски државјани се сместени во хотел во близина на манастирот Бањска. Нив ги чува косовската полиција и меѓу нив има едно дете.

Амбасадата на Македонија во Приштина е во комуникација со претставници на Министерството за внатрешни работи на Косово како и во директна комуникација со нашите граѓани. Во текот на денот во неколку наврати министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари директна комуникација со министерката Гервала, и во моментов косовската полиција го обезбедува хотелот каде се сместени нашите државјани и после интервјуто со нив се очекува да бидат испратени дома. Претставници на амбасадата остануваат во постојана и директна комуникација со нашите државјани се до целосно завршување на нивниот трансфер.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска за нападот во Косово испрати порака дека современите политички лидери треба да донесат мир и просперитет а не поделба и конфликти.

Таа упати силна осуда за инцидентот кој денеска се случи во Косово и оние кои допринеле за тој да се случи и даде целосна поддршка за КФОР и сите нивни идни активности кои се во насока на гарантирање на мирот и стабилноста во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот