Музичките награди „Билборд“ оваа година доделени во поинакво светло

instagram

И покрај тоа што немаше публика во театарот „Dolby“ во Лос Анџелес, водителката и пејачка Кели Кларксон беше домаќин на церемонијата и навистина успеа да донесе динамична енергија на сцената.

 

 

Вечерва е посветена на начинот на кој музиката нè допира сите, затоа што музиката се поврзува со нас на многу начини, без разлика кој сте, таа понекогаш буквално нè буди“, рече Кларксон.

Пејачот Пост Малоун имаше дури 16 номинации во категории како „Top Artist“, „Male Artist“, „Rap Artist“ и други. Тој ги доби наградите за „Top Male Artist“ и наградата за „Top streaming songs artist“.

Пост Малоун / Instagram

Бројни уметници и врвни имиња во музичката индустрија настапија во текот на шоуто, вклучувајќи ги Џон Леџенд, Доџа Кет, Алиша Кис, Ен Вог, Би-ти-ес и Лук Комбс.

 

 

Тоа беше голема вечер и за Гарт Брукс, кој ја доби наградата „Icon Award“, која му ја додели неговата добра пријателка, Шер.  Брукс настапи со микс од неговите најголеми хитови како „The Thunder Rolls“, „The River“, „Callin’ Baton Rouge“ и други.

Гарт Брукс / Instagram

Деми Ловато ја изведе и својата нова песна „Commander in Chief“, поветена на претседателот Трамп.

Деми Ловато / Instagram

Наградата за најдобар албум ја доби пејачката Били Ајлиш за нејзиниот албум насловен „When We All Fall Asleep, Where Do We Go?“ како и наградите за „Top New Artist“ и „Top Female Artist“.

Били Ајлиш / Instagram

 

Наградата за „Top Hot 100 song“ ја добија Лил Нас Х и Били Реј Сајрус за песната „Old Town Road“ која долго време се задржа на врвот на светските плеј листи.

Погледнете ја целосната листа на сите добитници овде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот