Музичка биографија: Книга за светлата и за мрачната страна на „Пинк флојд“

Биографија на музичката група „Пинк флојд“, која со своите хитови од 70-тите години на минатиот век изврши трајно влијание врз повеќе генерации и успеа да го задржи своето реноме на неприкосновен сликар на човековата душа и на младешкиот бунт, е објавена на македонски јазик во издание на „Полица“.

Авторот Марк Блејк во музичката биографија на „Пинк флојд“ детално го опишува развојот на групата од музичките почетоци на членовите на првиот состав, преку повлекувањето на Сид Барет, до последното обединување на Вотерс, Гилмор, Мејсон и Рајт на „Лајв ејд“ во 2005 година.

Излегувањето на книгата на македонски јазик е вистински празник за сите обожаватели на „Пинк флојд“. Книгата е можност за читателите да се навратат на времињата во кои биле под влијание на „дрогата“ што се крие во стиховите на песните на групата и да дознаат многу детали за животот и творештвото на нивните омилени музичари. За поновите генерации, пак, ова е книга од која можат да тргнат во запознавањето со легендарната група, кое неминовно ќе ги навлече да навлезат во квалитетниот звук на „Пинк флојд“, исполнет со ненадминат дијапазон од емоции и искуство.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 70, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 27-28 февруари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот