Фото: Screenshot/instagram.com/ffmacedonia/

Мусовски: Моите родители беа возбудени кога слушнаа дека ќе бидам повикан во македонската репрезентација

Веќе одреден период се зборува за 30-годишниот фудбалер со македонско потекло, роден во Хендерсон, Невада, САД, Даниел Дени Мусовски кој според најавите дека ќе добие повик од македонската А репрезентација, а сега тоа го потврди и самиот играч за подкастот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Игра на позицијата напаѓач, но може и да настапува како крило, кој моментно ги брани боите на американскиот клуб Сиетл саундерс, се очекува да биде во списокот со играчи кој ќе го објави нашиот нов селектор Гоце Седлоски за натпреварот од плејофот за пласман на Светското првенство 2026 против Данска на 26 март.

Во подкастот Мусовски зборуваше за македонската репрезентација, како и за американската МЛС лига, а целиот разговор ќе биде објавен биде во четврток од 20.00 часот на официјалните канали на ФФМ.

Минатата година Мусовски беше прв стрелец во редовите на Сиетл саундерс во шампионатот со 14 голови, а запиша и четири асистенции. Новата сезона во МЛС лигата за Сиетл саундерс ќе почне на 23 февруари на домашен терен против Колорадо рапидс.

– Моите родители беа премногу возбудени кога ги слушнаа вестите дека ќе бидам повикан во Македонската репрезентација. Тоа е нешто големо за мене, дел од мојата историја, дел од моите корени и како јас сум пораснат. Возбудувањето е големо, светското првенство е во САД и дефинитивно ми се допаѓаат нашите шанси. Го запознав тренерот, спортскиот директор, претседателот на федерацијата, сите се многу добри и гостопримливи, и сите ми помагаат да се прилагодам – вели Мусовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот