Муслиу: СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ во трка по своите традиционални гласачи

Алберт Муслиу/фото Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ

Најголемите политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во овој момент пред се се трудат прво на изборите да ги извадат своите традиционални гласачи- смета политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во интервју за „Слободен печат“.

,,Има голем процент на гласачи кои се неопределни, кога меѓу двата круга ќе се засили темпото можеби одреден процент на гласачите ќе се премисли, но во овој момент мислам дека стратегијата и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ е прво да ги извлечат своите гласачи и тука потешка задача ќе има СДСМ. Тоа се виде и на локалните избори во 2021 каде разликата на гласови на СДСМ со оние гласови од 2020 беше најмногу поради оние нивни гласачи кои апстинираа и не излегоа на гласање” порача тој.

Муслиу истакна дека СДСМ се обидува да ја поврати колективната меморија од времињата на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин да привлече дополнителни гласови.

,,Според некои ПР практики што ги гледам, СДСМ се труди да ја поврати колективната меморија за тоа што се случуваше 2016 и 2017 година, можеби за да ги мотивира своите евентуални поддржувачи, дека ако не излезете да гласате, може да се случат повторно некои сцени како оное од 27 април, од протестите и контрапротести и тоа е добро, затоа што сето тоа некако се заборави” посочи Муслиу.

Целото интервју погледнете го во продолжение: 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот