Мултимедијална изложба ќе биде поставена во битолската „Магаза“

Отворањето на мултимедијалната изложба „Нови естетики, нови простори“, на која ќе бидат претставени пет современи уметници: Моника Мотеска и Роберт Јанкулоски од РС Македонија, заедно со Весна Перуновиќ, Стеван Којиќ и Божo Васиќ од Р Србија, со нивни дела од областа на видео, фотографија, дигитална анимација, дигитален цртеж, објект, инсталација, амбиент, ќе се одржи на 22 септември, во 19 часот, во КЦ „Магаза“ во Битола.

Уметниците претставени преку овој проект се движат во проширеното поле на уметноста, а нивната практика се одвива преку мултимедијални и интердисциплинарни истражувања, подготвени за дијалог на различни технички и технолошки процедури, посочија од НУ Завод и музеј Битола.

Уметниците припаѓаат на средната генерација и веќе имаат богати биографии на изложбени активности, бројни награди, меѓународно искуство и значајни истражувања во областа на визуелната уметност.

Куратор на изложбата е Светлана Младенов, а истата ќе биде поставена од 22 септември до 5 октомври во КЦ „Магаза“ во Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот