Му откажа левиот бубрег на Боки 13 – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеМакедонија

Му откажа левиот бубрег на Боки 13

Кога лежи желудочната киселина му оди право во белите дробови. Може да умре за 15 минути, вели неговиот адвокат Сашо Дуковски.

Му откажа левиот бубрег на Бојан Јовановски познат како Боки 13, обвинет во аферата „Рекет“, дознава „Слободен печат“. Самиот Јовановски, но и неговиот адвокат од судските власти бараа затворскиот притвор да му биде заменет со домашен, токму поради нарушеното здравје, но тоа барање беше одбиено.

– Секој ден здравствената состојба му е се покомплицирана. Урината му е кафеава. Вчера стражарно беше спроведен на ректоскопија. На 20 овој месец му е закажана колоноскопија за која претходно треба да е на посебен режим. Нема што не му е. Кога лежи желудочната киселина му оди право во белите дробови. Може да умре за 15 минути. Јовановски нема желудник и за тоа има 10 лекарски мислења дека треба да биде хоспитализиран – вели неговиот адвокат Сашо Дуковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

2 Коментари

  1. Господ рекол кој и колку пари треба да има ете му ги сега ке ги потроши за лекови и!……………………………………..Живеј го и толку малку што ни останува долично како што живеат преку 80% лугето во државата.

  2. Чудна работа. Штом некој „дебел“ криминалец затворат, се нешто ќе му се случи со здравјето. Да не има некоја зараза во затворите?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close