Мрачната страна на Ајнштајн откриена во неговите писма (ФОТО)

Милена и Алберт. Фото: Рrofimedia

Едно писмо кое славниот научник Алберт Ајнштајн ѝ го пратил на својата сопруга Милева Мариќ, открило шокантни детали од нивниот брак.

Писмото ѝ е пратено во јули 1914 година и тоа кога веќе бил во врска со друга жена, а открило дека ја третирал полошо од слугинка, иако таа му помагала околу неговата научна работа и по својата генијалност во математиката во однос на неговата генијалност во физиката, му била рамноправна.

Се запознале на Политехничкиот факултет во Цирих во 1896 година, а се венчале во 1903 година. Милева студирала во Швајцарија, а и покрај тоа што била одличен студент, факултетот не го завршила бидејќи забременила со Алберт. Бидејќи тоа било пред да се венчаат, што за тоа време било недопустливо, таа се вратила во Војводина, каде што мајка ѝ ја криела додека не го родила детето.

Profimedia

Кратко по раѓањето на нивната ќерка, Милева ја напуштила ќерка си и се вратила кај Алберт во Швајцарија. Детето наскоро се разболело и умрело, а Милева го носела тоа како лузна до крајот на животот. Алберт во тоа време работел на развој на својата кариера, се борел со светот кој ни кон него не бил секогаш најблаг, а таа му била безусловна поддршка.

Ајнштајн со втората сопруга Елса/Profimedia

Меѓутоа, неколку години подоцна почнал да се гледа со помлади жени, а нејзе сосема ја запоставил. Наскоро сфатиле дека веќе не можат заедно, но не сакале веднаш да се разведат поради двата сина кои ги имале.

Profimedia

Ајнштајн тогаш на Милева ѝ поставил услови преку писмото што ѝ било пратено во јули 1914 година.

Ќе се грижите мојата облека да биде во ред, во својата соба редовно да имам три оброка, мојата спална и работната соба да бидат уредно одржувани, а посебно мојата работна маса да биде само за моја употреба. Ќе се откажете од сите лични односи со мене, освен онолку колку што ќе биде неопходно од друштвени причини. Конкретно, ќе се одречете од: моето седење покрај вас дома, моите излегувања и патувањата со вас. Ќе ги почитувате следните точки од вашиот однос со мене: од мене нема да очекувате никаква интимност, ниту на каков било начин ќе ми приоѓате. Ќе престанете да разговарате со мене ако го побарам тоа, ќе ја напуштите мојата спална или работна соба ако побарам. Ќе се обврзете дека нема да ме омаловажувате пред децата, дали со зборови или со донесување“, тоа се условите кои Алберт Ајнштајн ѝ ги поставил на сопругата, а кои во книгата „Ајнштајн: Неговиот живот и универзумот“ ги објавил Валтер Исаксон.

Profimedia

Милева Мариќ на почетокот се согласила на овие услови, но по неколку месеци сфатила дека тоа сепак е премногу за неа па се иселила од Берлин и ги земала синовите со себе.

Имала 44 години кога се развеле, а Алберт се оженил со неговата роднина Елса.

Две години подоцна добила дел од парите кои научникот ги добил за Нобеловата награда, а ги искористила да го негува нивниот болен син.

Еден период живеела во Цирих, а умрела на 4 август 1948 година во циришката клиника „Еос“, каде што била донесена еден месец претходно поради удар. Левата страна од телото ѝ била одземена и отежнато зборувала. Погребана е на циришките гробишта „Нордхајм“.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот