Можен нов целосен „локдаун” во Белгија

Портпаролот задолжен за коронавирусот во белгиската Влада денеска предупреди дека ако продолжи трендот на зголемување на бројот на инфекции, земјата ќе треба повторно целосно да ја затвори активноста како во март и април, јави дописничката на МИА од Брисел.

Портпаролот и виролог, Ив Ван Латем, порача дека ако кривата на инфекции и на хоспитализации не се подобри, ќе мора да се воведат построги мерки, слични на „локадаунот” од март и април.

Белгија се соочува со еден од најлошите втори бранови на Ковид-19 во Европа.

Последните бројки на Институтот за јавно здравје покажуваат дека над 2.700 пациенти се моментално хоспитализирани во Белгија поради вирусот, од кои 446 се на интензивна нега.

Во последните седум дена кривата продолжила да расте со просек од 266 нови хоспитализации дневно и 32 смртни случаја на ден.

(Извор:МИА)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот