Москва предупредува: Можна е нова голема криза за гас во Европа

Гасна централа во Украина/ Фото: EPA/ROMAN PILIPEY

Потпретседателот на руската Влада задолжен за енергетски прашања, Александар Новак денеска изјави дека Русија не ја исклучува можност за нова криза со гас во Европа и ја повика Европска Унија на преговори.

– Не ја исклучувам можноста таквата ситуација да се повтори. Подготвени сме за дијалог, истакна Новак.

Тој истакна дека во европските складишта недостасуваат околу 25 милиони кубни метри гас и оти „треба да се преземе нешто за тоа”.

Испораките на гас на светските пазари се зголемија за дури 15 проценти во споредба со претходната година, а годинава Русија потроши повеќе гас од вообичаеното.

Според Новак тоа се должи на студената зима и на заздравувањето на економијата.

Неодамна, рускиот претседател Владимир Путин побара итно пуштање во употреба на гасоводот Северен поток 2, кој ќе донесе природен гас од Русија преку Балтичкото Море до Германија.

Северен поток, 2 преку кој ќе се транспортираат 55 милијарди кубни метри гас годишно, за да биде пуштен во употреба чека дозвола од германските власти.

Кон крајот на септември, дел од германските медиуми објавија дека Русија сакајќи да го принудат Брисел да го прифати Северен поток 2, вештачки предизвикаа невиден пораст на светските цени на гасот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот