Море полно со Ешерихија коли: Забрането капење на хрватската плажа
По пријавата на посетителите за загадувањето во близина на комуналната одводна цевка Пунтин на Корчула, Хрватска, Заводот за јавно здравје на Дубровничко-неретванската жупанија завчера го испитувала квалитетот на водата за капење на плажата „Под ѕидините“ на Корчула.
Препорачано
Утврдено е дека резултатите од анализата ги надминуваат граничните вредности за микробиолошкиот показател на Ешерихија коли, пишува „Далматински портал“.
Согласно Уредбата за квалитет на водата за капење, испитувањето на морето ќе се повторува сè додека не престане загадувањето.
Со оглед на тоа дека загадувањето првпат било забележано на 4 август, а сега се повторува и по отстранувањето на изворот на загадувањето, Правилникот пропишува во член 27 од поставување на службен знак со кој се забранува капење.


